Мицкоски во Кичево: Наместо покачување, пензионерите добија кратење на пензиите

221

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес  оствари средби со жителите на  населбата Ламели во Општина Кичево и средба со пензионерите на Кичево.

На средбите тој посочи дека во земјава откако е СДСМ на власт имаме се потешко секојдневие, неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Неправда е кога премиерот лажно ќе кажува дека е спасен идентитетот, а МАНУ која е еден од столбовите на државноста ќе го менува своето име, неправда е кога Заев ќе биде ослободен од поткуп, а недолжни граѓани ќе ги полнат затворите. Неправда е и кога власта ќе вети дека ќе има 500 евра просечна плата, а во реалноста има 500 илјади кои живеат во сиромаштија, истакна Мицкоски.

На средбата со пензионерите од Кичево тој истакна дека тие се измамени од страна на Заев и неговата неправедна власт која нема пари за пензионерите, но има за  црни тендери и луксузирање  на функционерите.

Над 300 илјади пензионери се измамени од Владата на Заев. Наместо покачување добија кратење. За поголеми пензии нема ниту збор. А ветуваа и повисоки пензии и подобар стандард, но ништо од тоа, вели Мицкоски.

Тој на средбите со жителите на Кичево исто така додаде дека власта  ветуваше економија за сите, а во реалноста ги зголеми даноците,  ветуваа ефикасно здравство, а добивме здравство во кое умираат луѓе. Мицкоски исто така потенцираше дека на земјава секојдневно и се случуваат криминали, тарифи  кои се испорачуваат во еден ресторан во источна Македонија како поткуп за тендери на власта, како и политички прогон против неистомислениците.

Власта сака да не втурне во црно сценарио на поделби, на неправди и прогон. Тоа нема да донесе иднина. Во овие моменти се обединуваме и само така можеме да ја смениме иднината, да се избориме за подобро утре, за сонот за Македонија, за спас на државата од сигурна пропаст. Затоа да се избориме за правда, и владеење на правото, заврши Мицкоски, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...