Мицкоски во Брисел зборувал за зољата во Мавровка и за грабежот на банката ВИДЕО

1238

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски втор ден ја продолжува посетата на Брисел на политичкото Собрание на Европската Народна Партија (ЕПП).

Тој, оостварил средба со Дејвид Мекалистер, претседател на ЕПП и претседавач на Комитетот за надворешна политика при ЕП, како и со известувачот за Република Македонија во ЕП, Иво Вајгл. По завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание, Мицкоски се сретнал и со Манфред Вебер, претседател на парламентарната група на ЕПП и кандидат за претседател на ЕК.

– При средбата ги илустрирав оние последни 4 случаи кои што се случија пред некој ден, а тоа е гранатирањето на дуќан во центар на Скопје, запалените 2 угостителски објекти, едниот во старата скопска чаршија, а другиот во Општина Бутел. И оној вооружен грабеж кој што исто така се случи во главниот град на Република Македонија – изјави Мицкоски.

Тој посочил и дека се имал оправдан сомнеж Зоран Заев сака да ги украде престојните претседателски избори.

– Побарав организирањето на фер и демократски избори биде еден од условите за отпочнување на преговори со ЕУ. Истовремено не ја испуштив можноста да лобирам, доколку се исполнат сите овие критериуми да биде овозможен напредок во европските интеграции на земјава – вели Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...