Во Брисел изминатите два дена овде имавме исклучително значајни и корисни средби за ВМРО-ДПМНЕ но и за Република Македонија, бидејќи практично ги запознавме нашите соговорници за вистинската и реалната ситуација во Република Македонија, за она кое што е вистинска реалност за Република Македонија но и за сите граѓани на Република Македонија, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на парламентарното собрание во текот на вчерашниот ден имав многу корисни средни со голем број претседатели на наши сестрински партии кои што се дел од нашето семејство, од семејството на Европските Народни партии, имав неколку средби со европратеници кои што се дел од нашите сестрински партии во рамките на Европската народна партија и генерално разговаравме за сета онаа реалност во Република Македонија, за политичкиот прогон кој што се случува на политичките неистомисленици, претежно опозициони мислители во Република Македонија.
Зборувавме за отсуство на реформите во здравството, во образованието и сето она кое што претставува практично неуспех на владата на Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија.
Исто така соговорниците ги запознав за периодот кој што следува за претседателските избори кои што се пред нас, еве на нешто помалку од еден месец на денот на гласање ги запознав со нашата стратегија, со сето она кое што го спроведуваме на терен, но и за кампањата која што практично ќе започне официјално од 1 април.
Професорката Гордана Силјаноска Давкова исто така имаше можност да се запознае со голем број претседатели и европратеници од редовите на Европската Народна партија да ги запознае со нејзините гледишта, со програмата која што ќе ја презентира пред граѓаните во Република Македонија како иден претседател на Република Македонија и за сето она кое што претставува, нели, визија како понатаму треба нашата држава да се развива.
Денеска имав исто така квалитетна средба со претседателот Дол. Разговаравме за актуелностите во рамките на нашата Европска Народна партија, но и сто така и него го запознав со актуелните политички случувања во Република Македонија, насилното однесување на Владата, насилното однесување на институциите, сега на еден месец пред практично гласањето во рамките на претседателските избори.
Разговаравме и за политичкиот прогон, отсуството на реформи во Република Македонија, но и разговаравме и за ветувањето кое што претседателот на владата, господинот Зоран Заев го даде, дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори таму некаде на есен ќе распише предвремени парламентарни избори. Го држиме за збор господинот Зоран Заев, бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов кој што себеси си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори да распише предвремени парламентарни избори таму на есен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести кои што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија.