Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и во овие избори влегува со нелегално замрзнат имот

За регулативата за јавното обвинителство опозицискиот лиде рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба.

378

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за регулативата за јавното обвинителство рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба.

– Ова што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што после 12 април ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба само „поради ред“, немам намера да го губам времето. Тука се работните групи, во неделата што следи претпоставувам дека ќе имаат состанок и доколку ги приближат ставовите тогаш можеме да зборуваме за одржување лидерска средба – рече Мицкоски во Охрид.

Тој уште забележа дека на законот за јавно обвинителство му претходеле насоки од личниот адвокат на Заев кон државниот јавен обвинител, контроверзно писмо од притвореничката Катица Јанева со кое, како што рече, „сите предмети што се во судска процедура, но и оние во предистрага на криминален начин се префрлени во судовите“.

– На 85 дена пред предвремените парламентарни избори, она што за нас е најголем проблем е што веќе втора година по ред на нелегален начин е замрзнат имотот на партијата . И покрај целокупната злоупотреба со државните средства, буџетот, вештачките вработувања, ВМРО-ДПМНЕ уште влегува во овие избори со замрзнат имот. Но веруваме во мудроста на народот, тоа не мотивира и убеден сум дека и покрај сите предизвици и насилие, опструкции во техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари најголема историска победа на 12 април – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...