ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени или редовни парламентарни избори, истакна Мицкоски
Тој денеска учествуваше на француско-германската комеморација, што денеска се одржа во Битола, посветена на 11 Ноември, Ден на примирјето.