Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со посети беровскиот регион, од каде на сите верници од православна вероисповед да им го честитам голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
– За жал од искуствата кои што ги добивам овде од граѓаните црна е сликата која што преовладува во Берово и Беровско. Се сретнавме со реални и сериозни егзистенцијални проблеми. Знаете дека откупот на сливата заврши неславно, 20.000 тони слива остана не откупена, луѓето не можат крај со крај да сврзат, луѓето се наоѓаат во тешка мака, имаат сериозен предизвик како да ја поминат годината до следната реколта. Истото се случува и со младите од овој крај, масовно го напуштаат овој крај. Луѓето навистина мака мачат како да ја совладаат егзистенцијата односно да ги решат основните егзистенцијални проблеми – рече Мицкоски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните наскоро, во која предвидува сериозни решенија на сериозни егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните.
– ВМРО-ДПМНЕ не ја базира програмата на гол наратив на популистички ветувања кои што се ветуваат и даваат пред изборните кампањи а потоа се бега како „ѓавол од темјан“ за нивна реализација, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што стои на зборот и она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави и ќе биде дел од нејзината програма ќе го реализира. Промени се потребни во нашата држава, а Македонија ќе победи – порача Мицковски.