Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на МРТ искажа пофални зборови за професорката Гордана Силјановска и за Влатко Ѓорчев, а на новинарско прашање дали испратиле кандидатури до ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
– Ако ме прашувате лично за професорката Силјановска, можам да ви кажам се најдобро и како човек и како професор, дека станува збор за една исклучителна личност со јасни ставови за сите круцијални прашања. Чест ми е што ја познавам Силјановска. Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од младинската УМС, па до сениорите. Претставува голема додадена вредност во партијата, борец неприкосновен, лојалист. Можам да кажам се најдобро за него. Можеби ќе излезе и трет, четврт кандидат до 31 -ви. Јас не знам дали овие две пристигнати апликации се од професорката и од Ѓорчев, но ќе дознаеме – рече Мицкоски.