Мицкоски: Власта ја разочара Битола, но 5. мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта

1016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани.

Мицкоски пред присутните посочи власта соочена со пораз веќе започна со заканите, уцени и притисоците, и затоа побара од битолчани да не попуштаат, затоа што деспотот е на колена и месеци се во прашање кога практично ќе им дојде крајот.  

А ние си рековме овде во Битола, бидејќи јас не слушнав да се извини за сите оние злодела кои што СДСМ ги има нанесено овде во Битола, затоа пак веднаш после победата на претседателските избори и после победата на предвремените парламентарни избори, од прв до последен, за сиот криминал за сите злодела, за сето она понижување и омаловажување, ќе одговараат од прв до последен, јас тоа ви го ветувам, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека власта ги направила луѓето незадоволни и апатични за да бидат незаинтересирани, индиферентни кон болната реалност за да им помине се полесно, но одговорот на таа разочараност е масовноста во вториот круг од изборите и казната која ќе ја испорача народот.

Битола е победничка, Битола се крева против неправдите. Битола бара промени. Тука нашиот противник е казнет жестоко во првиот круг од изборите, а казнет е поради лошиот живот, сиромаштијата, матните бизниси на власта, непотизмот на градоначалничката и локалните функционери кои се ставаат над народот. Политички измамници кои ја киднапираат власта, нагласи Мицкоски.

На крајот, тој потенцираше дека власта ја разочара Битола, но 5ти мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта и уште еднаш побара од присутните поголема масовност за да се избориме заедно за подобар живот, за посилен стандард, за нова надеж, за решенија на проблемите, и за правда и слобода за Македонија

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...