Мицкоски бара ТВ дуел со Заев

957

Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски доцна вечервa на прес конференција од „белата палата’ го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел за Договорот за името. Мицкоски претходно ја информираше јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи секој граѓанин на референдумот да се изјасни по сопствено убедување.

– Ајде отворено да разговараме за Договорот со Грција. Верувам дека Македонија ќе победи – рече Мицкоски во повикот до Заев.

Тој бара ТВ дуел не само за Договорот за името, туку и за други теми за кои тој смета дека треба да се дебатира пред реферндумот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...