Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара лустрација на сите политичари преку проверка на нивниот имот.
– Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев. Нека завршат со имотите на сите поранешни политичари. Па да видиме зошто луѓето се комотни или не се комотни, ајде да видиме за сите процеси во минатото, да ги отвориме и дискутираме, напиша Мицкоски на Фејсбук.