Мицкоски: Бараме Собранието да се распушти, техничка влада и предвремени избори ВИДЕО

748

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на седниците на Извршниот и на Централниот комитет побара неотповиклива оставка од Зоран Заев и формирање на техничка влада со траење од 100 дена.

– Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање за распуштање на Собранието, техничка влада и иницијатива за распуштање на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ па да видат граѓаните кој бара избори, а кој моли Бога да не ги добие. Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во најтешка ситуација – рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Toj нагласи дека ќе инсистира техничката влада да се формира по Пржинскиот модел, односно 100 дена пред изборите, и додаде дека не е подготвен на компромиси за тоа прашање.

СДСМ во петокот не донесе одлука дали ќе оди на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и ставот го одложи кон средината на февруари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...