Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.
– Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг… Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување… – вели Мицкоски одговарајќи на прашањето зошто го дефинира како „забранет говор“, кога Деловникот не предвидува можност за ваше обраќање во Собранието?
Тој во интервјуто не кажува став за пораките во писмото на помошник-државниот секретар на САД, Вес Мичел, кој вели дека е разочаран од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Соопштувањето на ставот го најавува во текот на денот.
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI