Мицкоски: Ако Заев е „капо ди тути капи“ на мафијата, тогаш неговите верни заштитници се Русковска и Јовески

1091

„Правдата е нападната од неправдата!“ Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го започна својот говор на вечерашниот протест за правда што го организираше неговата партија.

Тој рече дека судската и обвинителската власт се брутално згазени, а и дека аудио-материјалот покажал и докажал мафија која ја одзела слободата и правдата во Македонија.

– Тоа е мафија која три години е сојузник на криминалот. Тоа е мафија која диктира обвиненија и пресуди. Мафија која го негува режимот на Зоран Заев. Но, за сето ова е највиновен самиот Заев. Тој е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Тој е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија. На човекот не му е тешко да украде и да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, оти тоа му е најтешко. Слушнавме во снимките која била реалноста. Ќе се обидам да цитирам: без Заев не се може, трас-трас. Па така, ако Заев е капо ди тути капи на мафијата, тогаш неговите советници и неговите верни заштитници се Вилма Русковска и Љубомир Јовески – истакна Мицкоски.

Тој исто така посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...