Мицкоски: Ќе протестираме секоја среда и викенд

752

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот протест во Скопје најави дека ќе протестираат секоја среда пред Влада и секој викенд низ градовите во Македонија.

– Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата. Нашиот револт е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто Македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт – рече Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...