Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде еден од набљудувачите на ВМРО-ДПМНЕ на гласањето на претседателските избори во недела.
– Утре лично имам состанок во 8 часот со сите набљудувачи што се распределени на избирачките места. И јас сум еден од тие набљудувачи, и јас ќе бидам набљудувач на избирачко место во Кондово, општина Сарај. Граѓаните не смеат да дозволат да се украде нивниот глас бидејќи треба да знаат дека тие се суверен владетел на својот глас позади гласачката кутија – изјави Мицкоски во емисијата „Отворено“ на Алфа Телевизија.
Мицкоски рече дека ќе сторат се за да ја заштитат демократијата и вистинската европска иднина на земјата.