Мицковски: Референдумот може да се случи и да не се случи

Се до оној момент додека референдумот не биде распишан и додека не биде дефинирано рефенрендумското прашање, сите опции се отворени, вели Мицковски.

1851

Формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) е дел од пакет мерки и не треба да се гледа издвоено, а за референдумот ништо не се знае зашто не е дефинирано ниту прашањето, изјави претседателот на ВМРО Христија Мицковски за време на денешната посета на Прилеп, каде што имаше средби со општинското раководство и граѓаните.

– Не смее ДИК да се гледа како издвоено прашање. Тоа беше дел од еден поголем пакет. Тој започна со таканаречените, реформски закони, кои беа усвоени во март-април годинава, опозицијата учествуваше во нивното креирање и усвојување кога се врати по неколкумесечното отсуство. Втората работа, донесена и прифатена од Владата, е донесувањето на законот за финансирањето на партиите и измените во законот за Влада каде треба да се дефинираат истите оние услови кои ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, па дури потоа на дневен ред доаѓа формирањето и изборот на ДИК – рече Мицковски.

Мицковски ги оцени како инсинуации и шпекулации тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ уценува со некаква амнестија.

– Не станува збор за никаква уцена. Амнестијата е издвоена од целокупниот овој процес и е посебен, за што ВМРО-ДПМНЕ, во консултација со партиските структури ќе достави во Собранието закон за амнестија и ќе инсистираме на неговото донесување- рече Мицковски.

Тој смета дека се додека не се распише референдумот, многу веројатности и опции се отворени. Вели дека можно е референдумот и да се случи и да не се случи.

– Се до оној момент додека референдумот не биде распишан и додека не биде дефинирано рефенрендумското прашање, сите опции се отворени. Распишувањето на референдумот го прави мнозинството во парламентот, а тоа не е ВМРО-ДПМНЕ.Реакцијата на опозицијата е само одговор на акцијата од страна на Владата. Тие се на потег, да видиме дали постои добра волја да се обезбедат фер и демократски услови за случување на еден референдум, а дури потоа кога ќе се случат предвремени или редовни парламентарни избори -рече Мицковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...