Мицковски во декември ќе ги каже министрите во техничката влада ВИДЕО

469

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Куманово на средбата именувана како „Обнова на Македонија“ на граѓаните им потенцираше дека мора да датат се од себе за да ги исправат грешките на СДСМ и Зоран Заев. Тој најави дека граѓаните во втората половина од декември ќе ги знаат имињата за министрите и нивните заменици во техничката Влада.

Одговарајќи на новинарски прашања дали цврсто стојат на ставот дека изборите мора да бидат на 12 април, Мицкоски апелираше да надвладее мудроста и да не се делегитимира договореното на лидерската средба кај претседателот на државата, инаку не гледа причини зошто повторно би се одржувале лидерски за сериозни прашања за граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека осцилациите и промената на ставовите на власта и на Зоран Заев ги демотивираат, деморализираат граѓаните и негативно се одразува на економијата, повторувајќи дека ваквите осцилации можат да го делегитимираат договореното на лидерската средба.

Мицковски рече дека и претходно предупредувале оти прогресивниот данок бил погрешен, но за него е важно сега кој ќе ги санира штетите и повика надлежните да ги вратат парите кон стопанството и граѓаните.

– Но, она што е за мене пострашно е што Зоран Заев, Кочо Анѓушев и останатите таму,  кои се носители на економската политика, практично кажаа дека имале погрешна економска политика. Кој ќе ги санира последиците од таа економска политика и ги пуштија низ вода сите поранешни министри од редовите на СДСМ почнувајќи од Петар Гошев, Никола Поповски, завршувајќи со Драган Тевдовски. Не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години, кој ќе ги санира последиците. Имаат можност еве јас ја користам оваа прилика и апелирам до Зоран Заев и Министерството за финансии веднаш да ги вратат парите назад кај граѓаните и кон стопанството што ги наплаќаа како арач изминативе девет-десет месеци, да се вразумат, овие некоку месеци во заминување кои им преостануваат, да водат рационална политика, да не водат егзибиционистички политики, да не ја доведуваат државата во подредена положба и да не ги ставаат во непријатно, под уцена и притисок вработените во институциите да слугуваат на погрешните политики – рече Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...