Мицевски: Oва е маневарска игра на Кирацовски

746

Координатоторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека со откажувањето на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се потврдила нивната оценка оти нема деловнички услови за почнување на амандманската расправа за измените на Изборниот законик.  

Одржување јавна расправа за закон што се носи во скратена постапка не е во согласност со Деловникот на Собранието, но доколку спикерот Талат Џафери ја закаже, како што вели, партијата дополнително ќе се произнесе.

Според Мицевски, ова е маневарска игра на претседателот на Комисијата затоа што доколку сакалe јавна расправа Деловникот предвидува таа да се случи во редовна постапка. Вака, истакнува тој, кога законите се пуштени во скратена постапка единствен начин за да се расправа по нив е амандмански.

– Доколку навистина сакаа промена на Изборниот модел на два месеца пред избори, на 10 дена пред Пржинска влада требаше да се седне со најголемите политички чинители, да се разговара и доколку се најде консензуално решение истото да биде применето. Вака сите овие потези кои се прават од страна на Комисијата и нејзиниот претседател ги сметаме само за маневар и наоѓање на некој виновник, а СДСМ кои предизборно ветуваа отворени листи, да не бидат виновни за ништо – вели Мицевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...