Мицевски: Јанева и СЈО единствено служеа како алатка за политички прогон, селективна правда и бранење на криминалите на Заев и СДСМ

311

Очигледно колегата од СДСМ ја згреши темата, затоа што денеска на тема е разрешувањето на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, а не разрешувањето на специјалниот јавен обвинител Христијан Мицкоски. Меѓутоа најчесто стравот преминува во опсесија и тоа е видливо во сите изјави и говори на пратениците и функционерите од СДСМ. Вака денеска го почна обраќањето од собраниската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, чиј говор интегрално го испратија од ВМРО-ДПМНЕ.  

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараа оваа седница да се свика многу порано, рече Мицевски и додаде – повикувавме неколку пати, по што во четвртокот поднесовме и официјално барање за свикување на седница со истава оваа точка на дневен ред.

– СДСМ и Парламентарното мнозинство не ја прифатија иницијативата за итна седница за разрешување на Катица Јанева, на барање на пратениците од  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да ја спасат Катица Јанева. 

Изговорот на парламентарното мнозинство за несвикување на итна седница за разрешување на осомничената Катица Јанева е паушален и спротивен на Деловникот на Собранието – изјави Мицевски.

Тој појасни дека согласно член 67, став 2 од Деловникот на Собранието, седница може да се свика по барање на најмалку 20 пратеници, а согласно член 68, став 2 во итни случаи седницата се закажува во пократок рок од  десет дена, а дневен ред со материјали може да се предложи на самата седница. 

Мицевски додаде:

– Образложението за несвикување на седницата бидејќи нема материјал не е точно. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со барањето за свикување на итната седница достави и материјал за истата.  А денес гледаме дека се разгледува токму тој материјал што ние го доставивме во прилог на барањето за свикување на оваа седница.

И тука ќе го поставам прашањето до колегите од СДСМ, зарем навистина мислите дека Катица Јанева е во притвор за нестручно и несовесно работење, зарем навистина мислите дека незаконското работење не ја однесе Катица Јанева во притвор? Колеги од СДСМ флоскулите правда, правдина, владеење на правото транспарентноста, право мора да има ги закопавте длабоко во земја. Постапките и штитењето на истрагите од Рекет ве прават соучесници во криминалот и целата оваа криминално обвинителска рекетарска афера. Самото тоа што во секој говор го спомнувате Христијан Мицкоски го покажува стравот од него и ВМРО-ДПМНЕ и од она што следува во наредниот период.

Но тука драги колеги од СДСМ едно нешто заборавивте. Џабе ви е што отпосле го изоставате делот за незаконско работење бидејќи со гласањето на одлуката во Комисијата за прашањата за изборите и именувањата вие признавте дека се работи за незаконито, нестручно и несовесно работење на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева.

Јанева мора да биде разрешена денес, а со тоа се потврдуваат и неколку годишните констатации на ВМРО-ДПМНЕ дека Катица Јанева и СЈО единствено служеа како алатка за политички прогон, селективна правда и бранење на криминалите на Зоран Заев и СДСМ.

Дополнително, апелираме до Советот на јавни обвинители да свика итна седница за разрешување на Катица Јанева и да постапи по предлогот на Собранието и истата да ја разреши пред нејзиниот законски истек на мандатот – изјави, меѓу другото Мицевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...