Парламентарното мнозинство денеска во Собранието не го прифати предлогот на Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече Законот за данокот на личен доход и Законот за придонеси од заедничко социјално осигурување, по скратена постапка.
Мицевски изрази сомнеж дека владејачкото мнозинство сака овие закони да ги протне на мала врата, иако Владата претходно ветила транспарентна и отворена постапка.
На дневен ред на 66 седница се и дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.