Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната седница на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, извади лист на кој е испринтана фотографија од обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, и од поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
– Сакате ли да се потпишам на овој лист и да одиме на избори? – праша Мицевски.
Тој рече дека во фотографијата треба да гледаат сите присутни пратеници, па ја остави на говорницата.
Собранискиот спикер Талат Џафери нареди да се отстрани листот и даде еден час пауза на барање на Мицевски.