Мицевски: Не слушнавме зошто кога во Македонија нема загадување го менувате Дураку

318

Толку од транспаретноста и желбата за разговор со опозицијата. Се направи обид опозицијата да не може да дискутира. Седницата за реконструкција на Владата почнува со доцнење од четири часа за јавноста да не може да види како власта „блеска“. Очекувавме  да кажете зошто се сменети министрите, а слушнавме како „блеска“ оваа Влада, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на продолжението на собраниската седница за реконструкција на Владата.

– Не слушнавме зошто е сменет министерот за финансии Драган Тевдовски во годината на економијата. Не слушнавме зошто е сменет министерот за култура. Кога нема загадување во Македонија вие го менувате Садула Дураку. Не слушнавме зошто го менувате, според вас, најуспешниот министер за земјоделие – рече Мицевски.

Тој порача премиерот Зоран Заев да го погледне членот од Законот за влада дека министерот самостојно раководи, министерството има заменик министер и предупреди дека за секој потпишан документ од друг може да се понесе одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...