Мицевски: Нема да гласаме за Кривичниот законик

268

Пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата иако во ниту еден момент не беше консултирана, ќе учествува во расправата за реформските закони односно законите кои се со европско знаменце и се однесуваат на европските перспективи на Македонија, рече Никол Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ.

– Иако, сметаме дека повторно како во многу наврати досега европското знаменце во поедини случаи е злоупотребено како одговорна партија и опозиција во македонското Собрание сметаме дека овие закони се многу значајни и за истите ќе поднесеме амандмани со кои сметаме дека значително ќе делуваме во предлог законите – рече Мицевски.

Тој додаде дека предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик имаат за единствена цел на рушење на правната традиција и поткопување на правната сигурност и функција на правниот поредок на Македонија односно Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава.

– Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена. Преку овој закон излегуваат на виделина сите дилови на Зоран Заев. Наместо подобрување на правните норми и работење во согласност со забелешките од Брисел како услови за почеток на преговори, Македонија на чело со Заев и СДСМ свесно ја носат Република Македонија во амбис. Токму поради ваквото несериозно однесување на Заев и СДСМ, Македонија нема да добие почеток на преговори со Европската Унија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во дебатата и нема да ги гласа Предлог измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ – рече Мицевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...