Kоординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на средбата со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Ј.Саливан истакна дека безбедноста и стабилноста е благодарение на САД кои го гарантираат ова на глобален план.
„Околу уставните измени, партијата е конзистентна и силно посветена на влез во НАТО и ЕУ, како институции кои го обезбедуваат мирот, безбедноста и економскиот просперитет. Потребна е работа на четирите принципи од Планот 18 доставен од Владата и се надеваме дека ќе бидеме вклучени и во другите планови“, рече Мицевски, информираат собраниските служби.