Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во својот говор за изборот на новите министри во Владата порача дека во Собранието не теба да дискутираат за реконструкција на„ рекетарската“ Влада, туку за предвремени избори.
– Потребна е оставка на Зоран Заев. Не теба да правите реконструкција на Влада во заминување. Аферата „Рекет“ е најдобра слика као работела владата на Заев. Граѓаните можеа да видат како функционирала доброорганизираната рекетарска група. Граѓаните видоа дека СЈО не била институција за борба против криминалот туку институцаија за криминал – рече Мицевски.
Според него и предложените кандидати за министри не ветуваат дека ќе бидат поразлични од досегашните.
– Со предлогот за нов министер за финансии Заев докажа дека не се откажа од идејата тој да биде министер за финансии, бидејќи одбра млад кадар кој него ќе го слуша, а тој ќе раководи – рече Мицевски и додаде дека ниту една реконструкција нема да го спаси поразот на Заев.