Во пресрет на изборите, популистички избрзавте Законот за јазиците да го ставите во функција, реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНе Никола Мицевски откако претседателот на Собранието Талат Џафери почна да претседава со седницата за пратенички прашања на албански јазик
– Седницата ја отворивте на албански јазик само за политички маркетинг во предизборието. Според Уставот и Деловникот македонскиот е официјалниот јазик за употреба во Собранието. Со ова го кршите и Уставот и Деловникот – рече Мицевски.
Џафери му одговори дека според Законот за јазиците им аправо да претседава со седниците на албански јазик.
– Доста имав прпение една година по донесувањето на Законот за јазиците да не заседавам со пленарните седници на албански јазик. Не кршам ни Устав ни закони-рече Џафери.