Мицевски: Владата да ја достави ратификацијата за НАТО за Собранието да ја гласа

376

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, денес од Собранието поднесе иницијатива до владата, со барање во најскоро можно време до Парламентот да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО), рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, владата е таа која поднесува предлог закони за ратификација до законодавниот дом.

– Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година – рече Мицевски.

Тој апелира претседателот на Собранието Талат Џафери иницијатива во најбрзо време да ја испрати до владата, за да како што вели, СДСМ не ги одложи изборите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...