Михаил Трендафилов – Нанче ќе стави крај на урбаното дивеење и крадењето народни пари

943

 Спорт, култура, традиција и ред во градот, ова се трите точки на кои кандидатот за градоначалник на ГДУ, Михаил Трендафолов – Нанче, ќе посвети најголемо внимание во кампањата која ја почна денеска  во градскиот парк во Охрид, пред спомениците на охридските великани Христо Узунов и Методија Патчев.

Тој, како што најави ГДУ, особен акцент би ставил на спречување на отселувањето на младите од градот преку конкретни мерки, заживување на селото и како една од главните точки на работа би била ставањето крај на дивеењето во урбаната свера и владеењето на редот и поредокот на локално ниво.

Во присуство на бројни граѓани од Охрид кандидатот за градоначалник на Охрид – Михаил Трендафилов – Нанче ја образложи своја визија и мисија за Охрид.

Во своето обраќање Трендафилов – Нанче ги изложи своите гледишта околу темите кои се горлив проблем за Охридѓани како што се: белата чума која владее во градот, т.е. се поголемиот јаз помеѓу стапката на морталитет и наталитет, се поголемиот и масовен одлив на локалното население од градот, се поголемата бесперспективност во градот и потрагата на младите по подобар живот во странство, како и безидејноста и хаосот кој владее во урбанистичката свера во Охрид.

„Особено беше потенцирана потребата од што поголема потреба градскиот татко да стави крај на урбаното дивеење во градот и согласно напатствијата на УНЕСКО да се гради градот во една урбанистичка и природна хармонија без притоа да се нарушуваат основните начела на етиката и без можност да се изгуби сјајот на Охрид, а со тоа и евентуалното губење на статусот Град на УНЕСКО“, информира ГДУ.

Кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче особено ја истакна, вели ГДУ, и неспособноста на досегашното дуо на власт помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на погубните политики во Охрид особено во сферата на корупцијата, крадењето народни пари, безидејноста како и неможноста да се одржат комуналните стандарди во Општината.

Тој, исто така истакна дека водењето на општина како Охрид не се заснова само на „шминкање“ на кејот и ривиерата, туку треба и да се потенцира развојот на селата во охридскиот крај преку обезбедување на комунални решенија за селата со што животот би се направил полесен и подостапен.

Тој додаде дека е потребен организиран откуп на земјоделските производи кои ги произведуваат охридските земјоделци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...