Митрополит Кипријан: Комисијата за канонскиот статус на МПЦ-ОА не прекинала со работа

248
Комисијата за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, не е распуштена и продолжува со работа, изјави старозагорскиот митрополит Кипријан по информациите дека тоа тело, кое го предводи тој, прекинува со работата. 

– Тоа не е точно. Нема такво нешто. Има одлука за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј за тоа прашање за МПЦ-ОА – нагласува митрополитот Кипријан за агенцијата Бгнес.

Комисијата беше формирана откако во писмо од 9 ноември до Бугарската православна црква, МПЦ-ОА побара да биде призната како независна црква и исто така БПЦ да стане црква мајка за МПЦ-ОА.

Во почеткот на оваа година во Софија имаше средба на комисиите на БПЦ и на МПЦ-ОА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...