Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески официјално ја потврди информацијата на Плусинфо дека денеска немало претставник од нивната партија на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери во знак на револт дека синоќа не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски.
– Синоќа пратениците беа подготвени правдата за 27 април да се дели до крај, но претседателот на Собранието Талат Џафери не дозволи гласање. Џафери е должен да и одговри на јавноста и на граѓаните зошто ја прекина седница. Монозинство имаше, граѓаните очекуваат Џафери да одговори зошто ја прекина седницата. Собранието е должно да постапува за судот да може непречено да работи. Џафери е должен да постапува. Поради ова, денес нема услови да продолжат активностите во Собранието. 27 април е крвав настан и мора да има судски епилог. Дали се калкулирало синоќа или не, Џафери мора да образложи – рече Митрески.
Тој не откри дали СДСМ ќе продолжи со бојкотот на Собранието, само додаде дека прво Џафери треба да одговори на сите прашања што се случувало синоќа и оти потао ќе одлучат како ќе дејствуваат.