„Мито е Тито“, ова го пишува под тетовираниот лик на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на десната нога на негов обожавател.
Видеото кое се појави на социјалните мрежи има над илјада прегледи и осум споделувања.
Засега не се знае идентитетот на лицето кое го истетовирало градоначалникот во кавадаречкото студио за тетовирање.
Тетоважи на политичари не е новост кај нас, но ново е дека првпат лик на градоначалник се најде на нога на негов фан. На јавноста и се познати тетоважите со ликовите на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и на експремиерот Никола Груевски.