Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше 36.000 евра за 120 прочистувачи на воздух во основните училишта во Кавадарци.
Фондацијата го носи името на покојниот татко на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Претходно, Фондацијата донирала средства за успешни ученици од Кавадарци.
Компанијата од која ќе бидат обезбедени прочистувачите најавила дека ако се реализира набавката, таа ќе донира дополнителни 50 прочистувачи за средните училишта.
Претходно, истата компанија донираше прочистувачи во градинките во Кавадарци.