Мистерија: Пијат, пушат, се хранат нездраво и живеат 100 години! ВИДЕО

Бев на плажа во Ачароли и видов луѓе во 90-тите години од животот, како потемнети се сончаат на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаа како да се во нивниот деветтиот месец од бременоста.

1313

Оддалеченото село Ачароли во јужна Италија е познато по големиот број на постара популација и покрај пушењето и дебелината, а токму нивната долговечност е загатка што ги збунува научниците – која е нивната тајна?

Поминаа 4.000 години откако Гилгамеш, кралот на Урук, тргнал во потрага по тајната на бесмртноста. Уште оттогаш, фасцинацијата на луѓето со вечниот живот, или барем колку што е можно подолго, не се намалила.

Научната заедница троши големи пари и ги анализира факторите кои придонесуваат за подолг живот, а токму затоа ги привлекла од малата италијанска заедница каде повеќето жители добро навлегуваат во својата 10-та деценија од животот.

Ачароли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол.

„Бев на плажа во Ачароли и видов луѓе во 90-тите години од животот, како потемнети се сончаат на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаа како да се во нивниот деветтиот месец од бременоста“, рекол американскиот кардиолог Алан Масел за „Њујорк пост“.

Ова се спротивставило на сè во кое верувал, но и го предавал на другите со години – за подолг живот внимавајте на линијата, избегнувајте пороци и сонце. Луѓето од Ачароли, од друга страна, живеат во контрастот со овие правила, но тие стареат импресивно. Во селото живеат околу 2.000 жители од сите возрасти, а меѓу нив се и 300 од нив кои живеат подолго од 100 години и дури 20 отсто од оние кои го прославиле својот 110-ти роденден – па дури и повеќе.

Покрај тоа, Мајсел и неговите колеги спровеле истражувања кои докажуваат дека тие имаат многу мала стапка на заболување од Алцхајмерова болест и срцеви болести – и покрај сите тие цигари и вино. Големата студија со која се истражува долговечноста на овие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дека генетските тестирања ќе откријат нешто што би можело да им користи на сите луѓе ширум светот да живеат подолго.

Во текот на своето истражување, Мејсел открил неколку интересни траги што секако имаат значителен удел во нивната долговечност. Овие две намирници многу често ги консумираат сите жители на селото и може да се каже дека се основа на нивната исхрана. Рузмаринот научно е потврдено дека се поврзува со намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест подобрувајќи ги функциите на мозокот и меморијата.

Сардините, од друга страна, се рибен лек за сите видови воспаленија во клетките на телото. Исто така, маслиновото масло се јаде со сè, а чаша вино се пие со секој оброк. Жителите на Ачароли не учат јога, но поголемиот дел од своето време го поминуваат на отворено – движејќи се и дружејќи се. Животот таму е многу опуштен, а стресот што модерната медицина го нарекува токсичен речиси и не постои.

Foto: Printscreen/YT/CBS This Morning

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...