Мистерија: На брег испливале 14. човечки стапала

1274

Уште од 2007 година Британска Колумбија е соочена со необјаснива појава. Во одредени периоди на брегот испливуваат човечки стапала во обувки. Последен пат тоа се случило изминатиов викенд.

На островот Габриола, на кој живеат околу 4.000 луѓе, минувач пронашол стапало во обувка.

Досега на бреговите на Британска Колумбија, се пронајдени вкупно 14 стапла.

За ова има различни теории. Според некои, станува збор за жртви на цунами, некои сметаат дека станува збор за трговија со луѓе, а некои се сомневаат дека во морето ги фрла сериски убиец.

Форензичарите велат дека станува збор за самоубиства и несреќи.
Енди Вотсон, портпарол на судска медицина во Британска Колумбија, вели дека успеале да идентификуваат 9 стапала.

Повеќето пронајдени стапала биле на мажи. Девет од нив биле десни, три биле со големина 45.5. Стапалото кое е пронајдено во 2012 година припаѓало на маж кој се удавил пред 25 години додека рибарел.

– Можеме точно да одредиме дали стапалото припаѓало на човек давеник, дали некој намерно го одвоил стапалото од телото или тоа се одвоило на прироиден начи – вели Вотсон.

Бидејќи морските струи се многу силни, можно е некои стапала да дошле од Аљаска. За теоретичарите на завера тие објаснувања се неприфатливи, пишува Билд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...