Пет дена пред да биде пронајден мртов пар од Мериленд во хотелска соба во Доминиканската Република, во исто туристичко одмаралиште починала и жена од Пенсилванија.
Четириесет и едногодишната Миранда Шоп – Вернер само што се пријавила во хотелот и земала пијалок од мини-барот, кога паднала и починала. За време на смртта, таа разговарала со својот сопруг, со кој славела годишнина од бракот.
– Во еден момент почувствува голема болка и го повика сопругот, а потоа ја изгуби свеста – рекол нејзиниот роднина, Џеј Мекдоналд.
Повикана била Брза помош, но на жената и немало спас.
Во истото одмаралиште бил пронајден мртов пар од Мерлинд, само во друг хотел.
Парот бил пронајден мртов откако хотелскиот персонал забележал дека 63-годишниот Едвард Натаниел Холмс и 49-годишната Синтија Ен Деј не се одјавиле во договореното време.
– Миранда беше здрава пред да умре. Прво мислевме дека се работи за трагичен, несреќен настан, но повеќе не сме сигурни во тоа – рекол Мекдоналд.
Од одмаралиштето „Бахиа принципе хотелс и ресортс“ било кажано дека засега нема знаци на поврзаност на овие „трагични инциденти“ и дека персоналнот ги следел сите безбедносни протоколи.