Кога политичка или верска личност ненадејно ќе почине, изгледа како теориите на заговор да паѓаат од дрва, како зрели јаболка.
Со оглед на тоа што сме во голема мера нормални луѓе, знаеме дека секоја политичка смрт нема врска со владини личности и кодирани пораки, но нерешените злосторства на овој список се доволни да се сомневаме дека станува збор за политички убиства.
Ви претставуваме пет случаи:
Џон Ф. Кенеди
Веројатно најпознатата политичка смрт на сите времиња, ЏФК е убиен при посета на Далас.
И покрај апсењето на Ли Харви Освалд за убиството, убиството на ЏФК предизвика исцрпувачки бројни теории на заговор. Во 2013 година анкета покажа дека 60 проценти од Американците веруваат дека за атентатот е одговорна група заговорници.
Наполеон Бонапарта
Пред 1815 Наполеон освои поголем дел од Европа и беше на пат да биде крал на источната хемисфера, но на крајот беше поразен.
После поразот, Наполеон е испратен на приватниот затворски остров, Света Елена, каде се уште се расправа за тоа што го убило.
Некои велат дека е рак на желудник, додека други тврдат дека го уништила голема количина арсен.
Џек Руби
Џек Руби беше сопственик на ноќен клуб во Далас кој стана познат по тоа што јавно го застрела Ли Харви Освалд.
Руби беше прогласен виновен и осуден на смрт. Тој поднесе жалба на одлуката, но додека чекаше нов судски датум, почина од рак на белите дробови, и покрај тоа што никогаш не бил пушач.
Главната теорија е дека ЦИА му вбризгала инекција со клетки на рак.
Папата Јован Павле Први
Папата Јован павле Први почина само еден месец откако беше реизбран, и тоа предизвика разни теории на заговор.
И покрај црквата која расчисти многу недоследности околу постапувањето со смртта на папата (немаше официјална обдукција и слично), тоа само поттикна шпекулации за нешто што се случило.
Кралот Ананда Махидол
На 9 јуни 1946 година, кралот Ананда Махидол е пронајден со еден куршум во главата, а еден час подоцна неговиот брат е прогласен за крал.
Првите извештаи ја окарактеризираа смртта како несреќен случај, но еден месец подоцна е објавен извештај кој неговата смрт ја оракатеризира како „дефинитивно убиство“.
Многумина сметаат дека братот на Махидол го убил за да ја преземе круната, но тој никогаш не беше обвинет за смртта на својот брат.
ФОТО: RD