Веќе втора година по ред, мистериозен човек за Божик остава вредни парични подароци на жителите на местото Драчевица, на хрватскиот остров Брач.
Драчевица има 70 жители и секој од нив добил плик со подарок бон во вредност од околу 70 евра. Мистериозниот добротворец особено ги израдувал постарите пензионери со мали пензии, а бројот на такви во Драчевица не е мал, пишува „Далмација данас“.
Кога сè ќе се собере, вкупната сума што непознатиот човек им ја поделил на мештаните оваа година изнесува 35.000 куни или околу 4.700 евра.
Според зборовите на мештаните, тие се убедени дека знаат за кога се работи, но ја почитуваат неговата желба да остане анонимен.