Мистериозна смрт на студент во Нов Зеланд, лежел во креветот два месеца

Името на починатиот студент не е соопштено како и причината за смртта.

1491

Родители и студенти беа шокирани, откaко дознаа дека студент од прва година на Кантеберискиот универзитет во Крајстч во Нов Зеланд лежел мртов во својот кревет  два месеца без никој да открие.

Студентот е откриeн пред една недела во универзитетскиот кампус, кога неговиот колега почувствувал непријатна миризба и пријавил во полиција.

Името на починатиот студент не е соопштено како и причината за смртта.

Според локалните медиуми, собата на студентот била на крајот од ходникот, каде што чистачите ретко чистеле.

Специјална екипа работи на расветлување на случајот и идентификување на  струдентот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...