Мистериозна смрт на пар од Тексас на одмор на Фиџи (ВИДЕО)

1717
ФОТО: Принтскрин

Мистериозна смртоносна болест зеде брачен пар на Фиџи, по што била предизвикана голема паника кај мештаните, но и во светот бидејќи станува збор за популарна туристичка дестинација.

Парот на Фиџи отпатувал на годишен одмор, додека дома оставил двегодишен син, ќерка на мажот од претходната врска и семејното куче.

На островот стигнале на 22 мај, а според зборовите на локалното Министерство за здравство, за само неколку дена, починале од непозната болест во болница. На нивната кожа приметиле чудни промени.

Мишел починала прва, а некој ден подоцна и Дејвид, и покрај медицинскиот третман кој им бил пружен.

Таткото на Мишел изјавил дека никој не им дал појаснување што им се случило на неговата ќерка и неговиот зет.

– Ми се јави на телефон и ми кажа дека Дејвид повраќа и има дијареа, како и дека на двјацата им се подуени рацете. Рече дека биле во болница и дека се пуштени – рекол Марк Калонг.

Тој додал дека подоцна дознал оти зетот му е во критична состојба и дека ќе биде префрлен во болница во Австралија. Меѓутоа, за жал, до таму не стигнал.

Локалните власти тврдат оти се работи на тоа да се дознае повеќе за оваа неидентификувана болест.

Како што се наведува, ако се утврди дека умреле од заразна болест, телата на Мишел и Дејвид ќе бидат кремирани на Фиџи, поради неможност да се внесат на територијата на Америка.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...