Мистериозна смрт на девојка на моминска вечер во Србија

1229

Дваесет и петгодишна девојка од Зрењанин починала на 25 август, откако претходно и се слошило во популарна кафеана.

Според вработените, таа била гостинка на моминска вечер.

– Беа во градината, а таа беше весела, се забавуваше, но одеднаш падна. Келнерите веднаш ја изнесоа, а нашата колешка повика Брза помош, која се појави за околу седум минути. Девојката не пиеше алкохол, ами само вода. Дури нејзините другарки коментираа дека водела здрав живот, била вегетаријанец – рекле од кафеаната, пренесува „Курир.рс“.

Според нивните сознанија, во крвта на девојката не е пронајден ниту алкохол, ниту наркотици.

– Беше жива додека беше во нашиот локал, не е вистина дека почина тука. Во три и пол по полноќ се случи инцидентот, а таа починала околу 11 часот – додале соговорниците на медиумот.

Не се знаело дали е во прашање срцето, мозокот или нешто трето.

Се чека обдукцијата да ја покаже точната причина за смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...