Мисовски: Џафери е легално избран за претседател на Собранието

468

Потпретседателот на парламентот Горан Мисовски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даде исказ по кривичната пријава што ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола,  кое го оспорува изборот на Џафери за претседател на парламентот, потврдија од ЈОРМ.

Мисовски изјави дека изборот на Џафери бил спроведен согласно Уставот и Деловникот и дека тој е легитимен и легален претседател на парламентот.

Покрај нив, во Обвинителството, пред неколку дена исказ давал и пратеникот Ферид Мухиќ, кој на седницата на 27 април на која беше избран Џафери ја презеде улогата на претседавач со седницата.

Кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери за претсеадтел на Собранието на РМ за „ злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...