Пратеникот од НСДП Горан Мисовски, на собраниската седница за уставни измени му реплицираше на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Желбата на Христијан Мицкоски е да ве замени вас и да постави во пратеничката група негови колеги и пријатели – рече Мисовски.
Според него, изјавата на Мицкоски претставува квазипатриотизам.
– Јас не сакам да јадам корења, туку сакам да ја видам Македонија во друштво на најразвиените и најбогатите држави – порача Мисовски.