Мисајловски: СДСМ не може да не однесе во ЕУ ВИДЕО

350

Гледаме дека оваа влада за жал ја тоне Република Македонија на секое поле. Мора оваа влада да си замине што побргу, реформи очекуваат сите граѓани, но за жал може да видиме дека секој ден го допираме дното, порача Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие луѓе не можат да не однесат во Европската Унија и во НАТО. Нас ни требаат темелни реформи, граѓаните тоа го заслужуваа. Затоа ние ќе бидеме постојано со граѓаните ќе го слушнеме нивниот глас и тоа ќе ни биде навигација во наредниот период. Секогаш тоа ни било, но ќе останеме на таа трака. Она што граѓаните најмногу ќе ги засега, тоа ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе го работи, ќе го прави. Ние во овој момент ќе правиме и огромна програма за она што навистина граѓаните ги засега и ќе излеземе со решение за граѓаните рече Мисајловски пред граѓаните во Чучер Сандево.

Можеме секаде да слушнеме дека оваа влада на чело со Зоран Заев не прави апсолутно ништо во никој домен. додде Мисајловски.

-Односно оваа тендер влада најмногу ја засега како да ги наместат тендерите, како да направат нови фирми за десетина дена да добијат нови тендери, како да ги поделат парите на граѓаните меѓу нив, односно се зацртани како да ја украдат Македонија. Може да видиме дека со нивни едни празни фрази, кои повторно и секојдневно викаат дека се за Европска Унија, но не може да видиме европски принципи. Не можеме да видим морални принципи – додаде Мисајловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...