Мисајловски: Заев понижува, на странска ТВ ги кажа прашањата за референдумот

„Дали сте за Европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“ или „Дали сте за Европската унија и НАТО, поддржувајќи го името Република Северна Македонија“ се двете насоки во кои би се движело референдумското прашања, рече вчера Заев во интервју за грчката ЕРТ.

1531

Зоран Заев повторно го понижи македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Зоран Заев вчера на странска телевизија, ги кажа прашањата кои одлучил да ги постави на референдум на кој што македонските граѓани треба да се изјаснат за сопствената иднина. Тоа не го стори ниту на македонската телевизија или некој од македонските национални медиуми, туку на грчката национална телевизија, реагираше на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој посочи оти премиерот без никаква консултација со претседателот на Република Македонија или со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, побрзал да ја информира грчката јавност за детали од референдумот на кој што ќе гласа македонскиот народ.

Целата реакција на Мисајловски погледнете ја во видеото.

Заев вчера во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека референдумот ќе биде на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, а целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски.

– Народот, убеден сум дека ќе биде за договорот со Грција затоа што прашањето веројатно ќе биде „Дали сте за Европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“, веројатно во тој правец ќе биде затоа што, кај нас едно со друго е поврзано и во таков аспект, граѓаните кога ќе го дадат својот глас, политичарите, владата, парламентот, претседателот на државата сме должни да го почитуваме. Или прашањето можеби ќе биде „Дали сте за Европската унија и НАТО, поддржувајќи го името Република Северна Македонија“, поради тоа што тоа е договорот – рече премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...