Мисајловски: Власта да му каже на народот што ќе биде сменето во Уставот ?

159

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните во Чаир рече дека партијата има обврска да го праша народот што мисли, да го каже ставот, а тоа е дека секој граѓанин треба сам да си се произнесе за ова прашање.

-Мора да ги прикажеме сите овие штетни детали што ги има во договорот, а ќе имаат секако рефлексија врз иднината на Република Македонија. Но најважно е да ги слушнеме одговорите од власта, да видиме кои се тие амандмани што ќе ги предложат за менување во Уставот и што ќе се менува во Уставот. А исто така треба да се довие и одговор, а тој одговор треба да биде брз, бидејќи кампањата тече, а одговор треба да добиеме, што за нив се подразбира дека е успешен референдум – додаде Мисајловски.

Тој истакна дека треба одговор да дадат кон граѓаните кои се тие амандмани што ги спремаат, што ќе биде сменето во Уставот и секако што за нив претставува успешен референдум?

-За жал оваа власт со секојдневни скандали, со секојдневни злодела го допре дното во Република Македонија. Никогаш не било во историјата на Република Македонија на економски план, на здравствен план и во сите ресори на олку ниско ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со граѓаните, ќе го слуша народот и таа навигација ќе му биде патот во иднината – вели Мисајловски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...