Мирослав Лајчак кандидат за нов пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Како добар познавач на состојбите и искусен политичар, тој веќе извршувал повеќе важни функции на овие простори. Беше специјален претставник на ЕУ во БиХ во периодот од 2006 до 2009 година и кратко работел во Европската служба за надворешни работи.

81

Словачкиот министер за надворешни работи во заминување Мирослав Лајчак е кандидат за функцијата прв специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан, објави Еурактив.

Како добар познавач на состојбите и искусен политичар, тој веќе извршувал повеќе важни функции на овие простори. Беше специјален претставник на ЕУ во БиХ во периодот од 2006 до 2009 година и кратко работел во Европската служба за надворешни работи.

Шефот на хрватската дипломатија, земјата која моментно претседава со ЕУ, Гордан Грлиќ-Радман изјави дека Лајчак би бил одличен за таа позиција.

– Го знае јазикот и земјите од регионот. Има искуство, што го прави добар кандидат за таа позиција – истакна Радман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...