Мирко Ивановски ќе игра за „Хајдук“

Поранешниот репрезентативец изминативе две години играше за Славен Белупо, а минатата сезона постигна 15 голови.

138

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски од денеска и официјално е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит.

Поранешниот репрезентативец изминативе две години играше за Славен Белупо, а минатата сезона постигна 15 голови.

Ивановски кариерата ја започна во Пелистер, а потоа премина во Македонија Ѓорче Петров. Следеше траснфер во Полска во екипата на Арка, потоа играше во Романија за Астра и Клуж. Потоа се пресели во Унгарија каде настапуваше Видеотон, а кратко играше во Буласпор во Турција. Потоа се пресели во Хрватска во Славен Белупо.

– Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и не можам да дочекам да почнам да играм и да се одолжам за укажаната доверба. Знам дека секогаш постојат големи очекувања во Хајдук, но и моите се такви, така што се надевам дека сите заедно ќе правиме добри работи следната сезона – изјави новиот напаѓач на „белите“ при потпишувањето на договорот, цитиран од сајтот на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...