Мира, сопругата на Слободан Милошевиќ се бори за живот

Според објавите, таа веќе имала четири тешки хируршки интервенции зад себе по кои дошло до компликации.

1036

Сопругата на поранешниот Југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Мира, се бори за живот на клиника во Сочи – пренесуваат српските медиуми.

Според објавите, таа веќе имала четири тешки хируршки интервенции зад себе по кои дошло до компликации.

Мира живее во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период. Во 2005 година Србија распиша потерница по неа, со што веднаш штом би дошла во Србија, би била уапсена. Неодамна Апелациониот суд во Белград ја укина пресудата против неа, со која беше осудена на година дена затвор, поради злоупотреба на службена должност при доделување на државни станови. Пресудата со која беше осудена се донесе во јуни 2018 година, цели 15 години отако беше започната постапката и ѝ се судеше во отсуство, бидејќи живее во Москва.

Нејзиниот син Марко Милошевиќ, исто така, живее во Русија, а ќерка ѝ Марија Милошевиќ живее во Црна Гора и тие се немале видено околу 20 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...