На самото гласање за отворање на Уставот ќе се знае дали ќе има двотретинско мнозинство во Собранието, изјави денеска пратеничката од владејачкото мнозинство, Соња Мираковска.
– Очекувам колегите да бидат над себе и над своите партиски интереси и да гласаат во корист на државата – рече Мираковска.
Таа не кажа со сигурност дали ќе се гласа денеска или во понеделник, а за тоа ќе одлучи претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во понеделник во Скопје доаѓа и заменик помошниот државен секретар на САД за европски прашања, Метју Палмер, чија што посета, според Мираковска, не значи притисок бидејќи одлуката ја носат 120 пратеници.