МИОА: Стаменковска Стојковски не ги разбира податоците

541
20150911 Friday 0943 ministerstvo za informaticko opstestvo i administracija

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, на денешната прес конференција, посочи дека не ги разбира податоците кои ги добива од надлежните институции во однос на бројот на вработувања во нашата држава, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

– МИОА ги добива истите извештаи кои од Агенцијата за вработување се доставени и до заменичката Стаменковска Стојановски. За нас се разбирливи, а биле разбирливи и за претходните министри во МИОА.

Од друга страна, посочува бројка од 40.000 вработени во јавниот сектор. Доколку, податоците кои ги добива се неразбирливи и нецелосни, со што ја поткрепува оваа бројка. Кои се изворите од каде ги црпи овие податоци?

Дополнително, во своето излагање спомена голем број на паушални и непроверени податоци, без конкретни докази. Очекуваме и се надеваме на посериозен однос при изнесување на ваков тип на податоци, со оглед на целосниот пристап до информации што и е овозможен, реагираат од МИОА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...